21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок транскации го одбележаа почетокот на седмицата на Македонска берза

Блок транскации го одбележаа почетокот на седмицата на Македонска берза

mk berza

Првиот ден од трговската седмица на Македонската берза за хартии од вредност мина во знакот на блок трансакциите.

Имено, со акцијата на Скопски пазар преку блок трансакција се истргуваа 296 лотови по цена од 9.500 денари, додека втората блок трансакција беше со акцијата на Нова стоковна куќа Струмица каде 11 лотови се истргуваа по цена од 92.250 денари.

Во класичното тргување најтргвувани беа акциите на Алкалоид со 1,9 милиони денари, Комерцијална банка со 0,7 милиони денари). Кај Макпетрол во понеделникот имапе послаба динамика меѓу инвеститорите во очекување на нови информации. Само 5 лотови се истргуваа по цена од 24.300 денари.

Релативно поголемо количество беше истргувано со акциите на Уни банка каде во 4 трансакции се истргуваа 535 лотови по цена од 720 денари, односно 1,41 отсто.

Вкупниот промет изнесуваше 8,2 милиони денари и беше реалзиран преку 41 трансакција при што индексот МБИ10 порасна за 0,35 отсто, додека ОМБ ја намали својата вредност за 0,24 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП