23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува лотаријата за американска зелена карта 2018-та

Започнува лотаријата за американска зелена карта 2018-та

USA_GreenCard_Head

Лотаријата за зелена карта за 2018-та година започнува на 4-ти октомври 2016-та, вторник, во 18 часот часот, а завршува на 7-ми ноември 2016-та, понеделник, во 18 часот. Кандидатите ќе можат да се пријават на официјалната веб страна www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции, соопштуваат од Амбасадата на САД.

Од американската амбасада порачуваат дека сите оние кои сакаат да се пријават треба да обрнат внимание на следниве насоки:

За пријавување во програмата не се плаќа административна такса.

Чувајте ја вашата потврдна страница откако ќе завршите со пријавувањето, за да може да го проверите вашиот статус.

Зачувајте го вашиот единствен број од потврдата најмалку до 30-ти септември 2018-та година. Овој број е единствениот начин преку кој ќе можете да проверите дали сте избрани.

Мора да се пријавите со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користите стара фитиграфија, ќе бидете дисквалификувани.

Може да се пријавите само еднаш.

Треба да проверите дали сте избрани на 2-ри мај 2017-та година.

Стејт Департментот нема да ве контактира преку електронска пошта.

Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП