183-тото издание на Октоберфест заврши, но балансот е прилично отрезнувачки. Втора година по ред овој настан забележува опаѓање на бројот на посетители.
Едвај 5,6 милиони посетители пиеле пиво во Минхен, што е најмалата бројка од 2001-ва година, пренесува DPA, повикувајќи се на податоците на статистичкиот портал „Statista“. Во 2001-ва година фестивалот привлече 5,5 милиони љубители на пивото, а минатата година нивниот број бил 300 илјади повисок од годинашниот.
Три главни фактори влијаеле за пониската посетеност.
Едната причина е лошото време во почетокот на фестивалот, но исто така и стравувањата за безбедноста. По престрелката во трговскиот центар во Минхен пред неколку месеци и исламските мотивираните напади во Баварија локалните власти ги зголемија безбедносните мерки.
Третиот фактор за падот може да се крие во фактот дека за прв пат оваа година објектите се целосно заградени со ограда. Внесувањето на големи кеси и шишиња со зафатнина над три литри беше забрането, а строга контрола има не само на влезовите.
И минатата година најголемиот „народен фестивал“ во светот забележа пад на посетителите, нивниот број падна за 400.000 до 5,9 милиони луѓе.
Тогаш освен лошото време како причина беше прогласено и зајакнувањето гранична контрола и помалите железнички врски поради бегалската криза. Тие се ограничиле бројот посетители од Австрија, Италија и Унгарија.