21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатното приклучување парно продолжува до крајот на месецот

Бесплатното приклучување парно продолжува до крајот на месецот

parno

Најавата за можен пад на температурите го зголеми интересот за приклучување на системот за толинска енергија. Дополнително на тоа, зголемениот интерес се должи и на намалувањето на цената на топлинската енергија за домаќинствата за скоро 11 отсто, со што овој вид на греење е најисплатлив.

За да им излезе во пресрет на што поголем број потрошувачи, Снабдување со топлинска енергија Балкан Енерџи ја продолжува Акцијата за бесплатен приклучок. Сите заинтересирани граѓани може да се јават на телефонскиот број 02/3076-200, а акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје.

Во рамките на досегашната Акција за бесплатен приклучок во системот за толинска енергија приклучени се околу 700 потрошувачи, а се се јавиле 900 потрошувачи.

Системот за топлинска енергија, освен што нуди најекономично загревање, истовремено е и најеколошкиот енергенс, чие зголемено користење во голема мерка придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот во зимските денови во Скопје.

Имајќи предвид дека се приближува почетокот на грејната сезона во тек се и секојдневните ладни проби, со што системот за топлинска целосно ќе се провери и подготви за престојната грејна сезона.

Со оглед на тоа дека стартот на грејанта сезона се приближува, компанијата апелира до сите постојни потрошувачи дека евентуалните дефекти се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на следнот линк: http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или СМС порака на телефонските броеви: 076-350-298, 078-207-056, 070-369-337.

Освен за домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење се продолжува и за правните лица, кои со последното утврдување на цената на топлинска енергија во август годинава исто така добија значително намалување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП