25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетските права, во свет без предрасуди

Детските права, во свет без предрасуди

кидс-кидс

Под мотото „Детските права, во свет без предрасуди“, од 3 – 7 oктомври 2016 ќе реализираат повеќе локални акции создадени од четириесет деца од различни националности од Прилеп, Тетово – Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци во рамките на Неделата на детето.

Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, исто така претставува можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.

Одбележувањето на Неделата на детето е во рамките на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација“ кој има за цел младите луѓе да се здобијат и стекнат со вештини и знаења, како и да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, потоа да ја промовираат интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различи култури, како и да работат на промоција на детските права. Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои се дел од активностите на овој проект имаат за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на младите.

„Детските права треба да се почитуваат како на сите останати граѓани. Децата заслужуваат многу повеќе и заслужуваат да живеат во свет без предрасуди. Преку активностите за време на Светската недела на детето веруваме ќе се зголеми потребата да се почитуваат правата на децата и истовремено да се зголемат“, вели Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Коалиција на младински организации СЕГА го реализира проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација” во партнерство со Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Хуманитарно здружение Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 21 членкa.

Деновите ги организираат Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Хуманитарно здружение Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА, а со поддршка на Детската фондација Песталоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП