5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМали трикови за полесно да ја поминете работната недела

Мали трикови за полесно да ја поминете работната недела

720143011584

Почетокот на работната недела за повеќето луѓе е еден од најлошите соништа, од кои не знаат да се разбудат. Но истото се случува и кога неделата бавно поминува, а вие едвај чекате да дојде петок. Ви претставуваме неколку лесни трикови кои ќе ви помогнат полесно да ја поминете работната недела…

1. Помалку телевизија

Ако гледате телевизија секојдневно бидејќи немате што да правите, тоа многу лошо ќе влијае на вашето расположение.

-Пред спиење најдобро е да правите нешто што ве расположува и опушта, а ако немате нешто такво, подобро е да си легнете да се наспиете.

2. Лоши вести

Премногу лоши вести можат многу лошо да влијаат на расположението, избегнувајте да размислувате за нив, размислувајте за убавите нешта.

3. Наградете се

Во најтешкиот за вас работен ден во неделата наградете се, пронајдете нешто што вие го сакате и направете го баш тој ден. Тоа може да биде обична ситница, купете си нешто, појдете на ручек со некого, направете нешто што ќе ве израдува.

4. Без брзање

Кога брзате, се чувствувате лошо и сте под стрес. Обезбедете си доволно време за се, испланирајте што и кога да направите и не се брзајте. Станете 20 минути порано за да имате повеќе време и за себе и за работата.

5. Дружете се во текот на целата недела

Луѓето повеќето планови за дружење со пријателите ги оставаат за викендите. Иако знаеме дека ноќните забави не се препорачливи во текот на неделата, организирајте нешто што нема да ве задржи до доцна во ноќта и уживајте во друштвото. Одете во кино, театар или на кафе со пријателите. Научно е докажано дека дружењето со драгите луѓе, дури и кога немаме многу време за тоа, ни го подобрува расположението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП