3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНабиулина: Нафтата е завршена приказна, да се завртиме кон инвестициите

Набиулина: Нафтата е завршена приказна, да се завртиме кон инвестициите

нафта-нафта

Претседателката на Централната банка на Русија Елвира Набиулина предупредува дека до крај е исцрпен моделот на економскиот раст на Руската Федерација поврзан за цената на нафтата и оценува дека новиот модел би требало да биде инвестициски.

„Стариот модел е врзан не само за високата, туку и постојатно растечка цена на нафтата за растот на потрошувачката и растот на потрошувачките кредити. Новиот модел мора да биде насочен кон инвестициите“, изјави Набиулина на економскиот семинар „Обединета Русија“.

Според прогнозата на Централната банка, позитивен квартален раст на БДП се очекува во втората половина од 2016 година.

Меѓутоа, во 2017 година темпото на раст на БДП нема да биде високо – ќе биде помал од еден процент, пренесуваат економските портали.

Притоа, според проценката на Централната банка, со цена на нафтата од 25 долари за барел, БДП на Русија би можел да биде помал за еден до еден ипол проценти во 2017 година.

Набиулина, која многу експерти ја сметаат за најзаслужна за избегнувањето на колапсот на руските финансии по воведувањето на западните сакции, истакнува дека нема да дојде до катастрофа во руската економија ако биде ниска цента на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП