21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран ветува нула данок за инвеститорите во хотели

Иран ветува нула данок за инвеститорите во хотели

Iran-uses-tourism

Инвеститори кои ќе градат хотели во Иран, ќе бидат ослободени од даноци најмалку пет години, објавија претставниците на Владата, која се надева на прилив на туристи по укинувањето на меѓународните санкции, пренесуваат медиуми.

„Сите активности поврзани со туристичкиот сектор, ќе бидат 100 проценти ослободени од даноци за период од 5 до 13 години во зависност од регионите“, изјави иранскиот заменик-министер за економија Мохамед Хазаеи на конференција во Техеран со учество на претставници на туристичкиот сектор од 18 земји, претежно европски.

Тој истакна дека по укинувањето на меѓународните санкции во јануари по договорот со големите сили од летото 2015-та година за иранската нуклеарна програма, има историски и невиден наплив на странски инвеститори во Иран.

„Предложени се гаранции од 9 милијарди долари странски инвестиции, главно од европски земји“, посочи Хазаеи.

Иранскиот прв потпретседател Есхак Џахангир од своја страна истакна дека странските инвеститори ќе имаат поддршка од владата и дека нема да има дискриминација меѓу нив и иранските инвеститори.

Иран има намера да изгради 300 нови хотели во наредните пет години, за да се развива туризмот – сектор, во кој се очекува да бидат создадени 140.000 работни места.

На пат се да започнат проекти за 170 хотели со 4 и 5 ѕвезди, прецизира министерот за транспорт и урбан развој Абас Ахмад Ахунди. Во 2015-та година туризмот беше 7,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, а во 2016-та би требало да достигне 9 проценти од БДП-то, додаде тој.

Бројот на туристите во Иран се зголеми на 5,2 милиони во 2015-та година, а целта е тие да станат 20 милиони во 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП