19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на PepsiCo

Намален профитот на PepsiCo

pepsico2

Вториот по големина производител на безалкохолни пијалоци, американскиот „PepsiCo“, во првиот квартал од оваа година оствари нето профит од 1,07 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека на годишно ниво нето профитот за првите три месеци е намален за 4,6 проценти.

Профитот од акција од јануари до крајот на март 2013 година, изнесувал 0,69 долари, додека една година претходно тој изнесуваше 0,71 долари за акции, пренесуваат странските агенции.

Во компанијата намалувањето на профитот го објаснуваат со трошоците за реструктурализација, девалвација на активата во Венецуела и другите еднократни трошоци.

Кварталниот приход на „PepsiCo“ е зголемен за 1,2 проценти, на 12,581 долари, при што органскиот раст на приходите (без влијанието на спојувањата и аквизацијата, продажбата на активата и флуктуација на девизниот курс), изнесувал 4,4 проценти.

Органскиот раст на продажбата на пијалоци во светот изнесуваше еден процент, а на „грицките“ четири проценти. Во производството на „грицки“, „PepsiCo“ завзема прво место во светот.

Акциите на „PepsiCo“ поскапеа од почетокот на оваа година за 15 проценти на берзата во Њујорк.

Главниот конкурент на „PepsiCo“ и најголемиот производител на безалкохолни пијалоци, „Coca-Cola“ пред два дена ги објави своите податоци кои покажуваат дека профитот е намален за 14,8 проценти, на 1,75 милијарди долари, во споредба со 2,05 милијарди долари кои беа забележани во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП