18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМенталитетот во производствениот сектор во Јапонија останува во застој

Менталитетот во производствениот сектор во Јапонија останува во застој

fakja2

Големите компании во производствениот сектор во Јапонија не гледаат подобрување во бизнис климата, но не гледаат и влошување. Сепак тие се повнимателни од очекуваното, што се однесува до изминатото тримесечје, како и најмалиот број на оптимисти од над три години.

Тоа го покажува обемната студија на Јапонската централна банка (ЈЦБ) „Tankan“, дел од резултатите која се објавуваат по крајот на секое тримесечје. „Bloomberg“ коментира дека оваа ситуација ќе ја отежни централна банка да ја охрабри инфлацијата и да ја заживее економијата.

Индексот „Tankan“ во трите месеци до крајот на септември останува на ниво од 6 поени, како што беше и на крајот на јуни. Ова е најниска вредност од почетокот на Абеномиката (план за размер на премиерот Шинзо Абе за рестарт на економијата). Покрај тоа очекувањата на аналитичарите беа за вредност од 7 поени.

Позитивен резултат значи дека оптимистите се повеќе од песимистите. Очекувањата за последниот квартал на годината се индексот да остане 6 поени.

Големите компании од сите индустрии планираат малку да ги зголемат капиталните трошоци до 6,3% во фискалната година до март 2017-та година. Во претходното истражување очекуваниот удел на капиталните трошоци беше 6,2 отсто.

Силниот јен кој поскапе за околу 19% од почетокот на годината , ги „изеде“ корпоративните профити и ги намали увозните цени, што и отежнува ЈЦБ да ја поттикне инфлацијата. Властите во Токио имаат потешкотии да ја надминат дефлацијата и да постигнат одржлив раст, а економијата е ракрсница меѓу проширувањето и контракцијата. Непроменетата вредност на индексот „Tankan“ станува јасна, откако минатата недела потрошувачките цени се намалија шести месец по ред, а домаќинствата ги намалија  трошоците повеќе од очекуваното.

Индексот за ставовите на компаниите надвор од производствениот сектор се намалува од 19 поени на крајот на јуни до 18 поени и сега ги оправдуваат очекувањата.

Големите компании во производствениот сектор предвидуваат дека јенот ќе се тргува на средно ниво од 107,92 јени за долар во текот на годината до крајот на март 2017-та година. Прогнозите во истражувањето пред три месеци беа за курс од 111,41 јени за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП