26 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Женски младински хор при МКЦ

Концерт на Женски младински хор при МКЦ

zenski hor ce3

Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, во понеделник вечер, ќе одржи концерт со наслов „Бог, инспирација, музика“ на кој ќе бидат изведени композиции од духовниот хорски опус на повеќе домашни и странски автори.

Концертот ќе се одржи во храмот на МПЦ „Рождество на пресвета Богородица“ од 20 часот. Влезот е слободен.

Од своето формирање во 1972 па сé до денес, ЖМХ е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, со посебно внимание кон македонското хорско творештво, овој ансамбл покажа дека и пејачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Во изминатите 44 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Нај скорешните успеси се освојувањето златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Liviu Borlan“ во Баја Маре, Романија (2015) и освојувањето на две први места и три специјални награди на фестивалот и натпревар за хорска духовна музика „Vratislavia sacra“ во Вроцлав, Полска (2016).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП