4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурц: Европа треба да се откаже од планот за распределба на бегалците

Курц: Европа треба да се откаже од планот за распределба на бегалците

бегалци

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, изјави во неделата дека Европската унија би требало да се откаже од својот „нереален“ план за распределба на бегалците по државите членки, во денот кога соседната Унгарија го одржуваше референдумот за отфрлање на овој план.

Во разговорот за германскиот весник Welt am Sonntag шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц тврди дека Европската унија треба да се откаже од инсистирањето на својот, како што оценува, проблематичен систем на квоти, односно планот за распределба на 160.000 мигранти и бегалци во земјите членки, од кои досега е преселен само мал дел.

„Таа цел е тотално нереална“, смета Курц, предупредувајќи дека несогласувањето на државите за тој предлог би можело да претставува закана за „кохезијата на целата Европска унија“.

Уште еден проблем е тоа што „големиот рој бегалци одбиваат да заминат во некои европски земји“, истакнува австрискиот министер за надворешни работи.

Коментарот на Курц најверојатно ќе биде примен добро во Унгарија каде премиерот Виктор Орбан водеше кампања против системот за задолжителни квоти за земјите членки на ЕУ. Се очекува дека конечните резултати од унгарскиот референдум ќе покажат дека тамошните избирачи мнозински гласале против европскиот план.

Курц во разговорот е воздржан во критиките за ставот на унгарската влада, кој е во дијаметрално спротивен од политиката на отворени граници за барателите на азил на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Станува опасно кога некои земји членки на Европската унија настојуваат да го создадат впечатокот дека се поетични од другите држави“, предупредува шефот на дипломатијата на Австрија.

По минатогодишниот прилив во кој Австрија прими 90.000 баратели на азил, што изнесува 1 отсто од нејзиното население, владата најави дека оваа година ќе прифати само 37.500 барања за азил. До август бројот на барањата достигнал 26.400 барање.

Австрија подигна ограда долга четири километри кај граничниот премин кон Словенија, кога имигрантите пристигнуваа по тој пат и објави дека, доколку е потребно, е подигне ограда на граничниот премин Бренер кон Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП