25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpaceX ги сомничи конкурентите за вмешаност во експлозијата на неговата ракета

SpaceX ги сомничи конкурентите за вмешаност во експлозијата на неговата ракета

space

Американската компанија „SpaceX“ се сомнева на вмешаност во хаваријата на нејзината ракета „Falcon 9“ од страна на директниот конкурент конзорциумот „United Launch Alliance“ (ULA), пишува весникот The Washington Post.

Kомпанијаt „SpaceX“ е една од двете приватни компании кои американската агенција за вселенски истражувања NASA ги ангажираше како превозници за доставување опрема на Меѓународната вселенска станица (ISS), а превозот го врши со капсулата „Dragon, за повеќекратна употреба која ја лансира со ракетите „Falcon 9“.

Со ракетата „Falcon 9“, SpaceX“ имаше неодамна проблеми при приземјувањето на платформата која плута на океанот, но ракетата беше двапати успешно приземјена на почва. Ракетата експлодираше на 1-ви септември при лансирањето од близина на Кејп Канаверал на Флорида

Весникот пишува дека „претставници на „SpaceX“ го посетиле објектот на ULA во Кејп Канаверал, во сојузната американска држава Флорида, и побарале да добијат пристап до покривот на една од зградите на конзорциумот“, која се наоѓа во близина на лансирната рампа на којашто се случи хаваријата.

„Во рамките на истрагата за инцидентот од SpaceX сакаа да проверат една од сомнителните функции“, рекол за весникот The Washington Post извор во компанијата., Според неговите сознанија, експерти од компанијата на снимката од експлозијата откриле „чудна сенка, а пота и бела дамка“ на блиската зграда на ULA.

Претставник на „SpaceX“ на конкурентот му објаснил дека неговата компанија „се обидува да работи на сите можни верзии“ за инцидентот. Сепак, челниците на ULA не му дозволиле да се качи на покривот од таа зграда. Во конзорциумот бил повикан експерт од воздухопловните сили на САД, кој „го истражил покривот и не нашол ништо што би можело да биде доведено во врска со експлозијата на ракетата“ на конкуренцијата.

Со ова, истакнува весникот, ситуацијата со „продолженото непријателство“ меѓу двете компании кои си конкурираат за скапиот договор со владините институции „може да добие ненадеен пресврт“. Притоа во на написот се истакнува и дека и самиот сопственик и извршен директор на „SpaceX“, Илон Маск не ја негира „верзијата за саботажа“.

Инаку „United Launch Alliance“ (ULA) е заеднички конзорциум на компаниите „Lockheed Martin“ и гигантот во производството на авиони „Boeing“.

Како што пред извесно време соопштија од „SpaceX“, досега собраните податоци укажуваат на појава на пукнатина во системот за снабдување со хелиум во резервоарот со течен кислород во вториот степен од ракетата носач. Хелиумот служи за одржување на притисокот во резервоарот.

На 1-ви септември од лансирната рампа на „SpaceX“ на космодромот Кејп Канаверал експлодираше ракетата „Fakcon 9“ со израелскиот комуникациски сателит „Amos-6“, тежок 5,5тони чија вредност е проценета на 200 милиони долари, на компанијата „ Space Communication“ чие седиште е во Израел, а уредот имале намера да го користат „Facebook“ и францускиот комуникациски оператор „Eutelsat“, и со него да овозможат пристап до интернет за жителите на неколку региони во Африка.

Сопственикот на уништениот сателит „Space Communication“ потврди дека има намера од „SpaceX“ да бара отштета во износ од 50 милиони долари или бесплатно лансирање поради загубата на „Amos-6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП