1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНастанот на ОБСЕ „Градиме мостови“ собра над 600 ученици од различни заедници

Настанот на ОБСЕ „Градиме мостови“ собра над 600 ученици од различни заедници

осце

Над 600 ученици од 27 училишта ширум земјава присуствуваа на ден на песни, танцови, театарски претстави и спортски игри како дел од настанот на Фондот „Градиме мостови“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Музичарите и членовите на советот на Фондот, Ребека и Тони Зен, заедно со составот Флека и натпреварувачка на Икс-Фактор Албанија, Канита Сума, настапија пред публиката.

„Сакам да ја поздравам заинтересираноста на сите наставници, родители, ученици и училишта за едно вакво заедничко учење. Новите генерации градат нови мостови еден кон друг, кои водат кон интегрирана иднина во разноликата Европа“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

„Проектот Градиме мостови е значаен пример за тоа како меѓународната заедница во директна соработка со Министерството може да придонесе кон траен напредок во нашата земја. Бројните мостови помеѓу различните јазици и заедници кои беа изградени преку проектот создаваат богатство врз кое планираме да градиме посветла иднина“, рече министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу.

Според холандскиот амбасадор Воутер Пломп, Холандија ја поддржува оваа иницијатива бидејќи мостовите ги поврзуваат заедниците, а поврзаноста помеѓу младите е особено важна. „Во овој поглед, ја нагласуваме важноста од Охридскиот рамковен договор како носечки темел за стабилноста на земјата. Се надеваме дека ќе се инспирираме од младите деца од различна етничка припадност, кои заедно ја претставуваат иднината на оваа земја“, рече тој.

Фондот „Градиме мостови“, кој е наменет за учениците, е резултат на заедничката соработка помеѓу министерството за образование и наука, холандската амбасада, ирската влада и мисијата на ОБСЕ во Скопје. Истиот ги поддржува заедничките активности во училиштата со ученици од сите заедници и различни јазици со цел да се зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП