5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 150 учесници на рекреативниот планински настан „Тура преку Слива 2016“

Над 150 учесници на рекреативниот планински настан „Тура преку Слива 2016“

слива

Здружението на љубители на ридско-планински активности, рокенрол и добра чашка во координација со Општина Прилеп го организираше третиот рекреативен планински настан „Тура преку Слива 2016“.

„Имаме пријавено повеќе од 150 учесници. Настанот се состои од две групи планинари кои тргнаа рано наутро и ќе ги посетат археолошките локалитети на врвот Висока, каде се наоѓаат остатоци од Кралскиот дворец кој датира од п.н.е. Кралската гробница кај месноста Павла Чука на локалитетот Старо Бонче и праисториското светилиште Палатица во селото Штавица. Потоа продолжува со велосипедската офроуд тура започнувајќи од центарот на градот, потоа селата Волково и Чумово, па преку превојот Слива познат како Порта Мариовска и продолжуваме кон Бонче, Подмол, Марул, Штавица и повторно се враќаме во градот“, прецизираше во својата изјава Душко Димкоски организатор.

„Целта на оваа манифестација е промоција на убавините на Селечка планина и развој на алтернативниот туризам како: велосипедизам, планинарство и планинско трчање“, рече и градоначалникот Марјан Ристески кој беше дел од овој настан.

Манифестацијата заврши со заеднички ручек и мала забава за сите учесници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП