19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа работа постојано сте под притисок? Како да останете смирени?!

На работа постојано сте под притисок? Како да останете смирени?!

getty_rm_photo_of_woman_with_trouble_problem_solving_at_work

Најтешкиот дел од работата е да се одбраните од стресот под притисок на барањата од шефот, ограниченото време и исцрпувачките обврски. Не очајувајте, неколку корисни совети можат да ви помогнат да ја сочувате смиреноста и така да станете повеќе продуктивни.

1. Не претерувајте со кафињата, тоа не е решение

Кофеинот го стимулира адреналинот, создавајќи илузија дека нешто сме постигнале бидејќи постојано сме во брзање. Заменете ја оваа нездрава навика со протеински закуски, како што се бадемите.

Со тоа на најдобар начин ќе ја избалансирате енергијата и расположението кога сте под притисок.

2. Побарајте да се нагласат приоритетите

Шефовите најчесто не знаат колкава е оптеретеноста на одделни работници. Затоа најдобро е на надредениот да му дадете листа со вашите задачи и обврски и од него да побарате тој да ви каже што е итно, а што не мора да се направи веднаш.

Ако сепак од вас побара да направите уште некоја работа плус, не одбивајте. Објаснете му дека проектот што го работите во моментот, поради новата обврска, ќе мора да го одложите и прашајте го дали тоа е во ред.

3. Никогаш не ветувајте нешто што не сте сигурни дека ќе го исполните

Кога шефот ќе ве праша кога ќе биде готов проектот, а вие ќе му понудите импресивен рок, најверојатно ќе „изгорите“ обидувајќи се се да завршите во договореното време. Затоа секогаш оставете си малку повеќе време со цел навремено да стигнете и да не си создавате дополнителни притисоци.

4. Не си дозволувајте да го повишувате тонот

Ова е најголема грешка и показател дека сте под притисок. Обидете се секогаш вашиот тон да биде неутрален, контролиран и смирен. Нагласете ги важните работи, но никогаш не си дозволувајте да викате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП