10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредношколски игри 2016 по четврти пат во Градски парк

Средношколски игри 2016 по четврти пат во Градски парк

srednoskolski igri 4

Под слоганот „Заедно во природа“, во сабота во стариот дел на Градски парк ќе се одржат четвртите Средношколски игри 2016, манифестација од забавен и натпреварувачки карактер за ученици од средните училишта на Град Скопје.

Проектот што ќе содржи различни активности (крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, еко игри, забава…) има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. На еднодневните игри ќе бидат вклучени ученици – натпреварувачи, наставници, директори, комисии, компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители.

Средношколските игри е проект за анимација на средношколската младина во градот Скопје заради зачувување на нивното здравје сега (и во иднина), заради развивање на нивниот спортски и натпреварувачки дух, нивните психофизички, мисловни активности, заради споделување знаење, искуства, заради дружење со врсниците во природа, заради развивање и подобрување на сопствената личност, но и позитивно влијание врз другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП