19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголем интерес за акцијата на Алкалоид на Македонската берза

Зголем интерес за акцијата на Алкалоид на Македонската берза

mk berza kke

Инвеститорите покажаа во петокот зголемен интерес за акцијата на Алкалоид АД Скопје. Вкупно 1.454 лота од акцијата беа истргувани и тоа преку 16 трансакции.

Просечната цена на акцијата изнесуваше 5.445,04 денари, со што беше остварен промет од вкупно 7.9 милиони денари.

Ова беше и највисоко реализиран промет по хартија во текот на последниот трговски ден на Македонската берза за хартии од вредност оваа седмица. Вредноста на акцијата порасна за 0,85 отсто.

Сличнo како и претходниот ден, и во петокот беше реализирана една блок трансакција со акцијата на Скопски пазар. Блокот се реализираше преку 652 лота по цена од 9.500,00 денари, со што акцијата се најде на второ место според остварен промет.

Другите акции имаа значително помал промет, под милион денари.

На страната на обврзниците, истргувана беше количина од 4.596 лота од РМДЕН13, што беше и единствената тргувана обврзница.

Индексот МБИ10 ја зголеми вредноста за 0,45 отсто, и ја заврши оваа трговска седмица со 1.954,40 индексни поени, додека ОМБ индексот се намали за 0,07 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП