17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault се договори со Иран, отвора мегафабрика

Renault се договори со Иран, отвора мегафабрика

139507051345564728762694

Францускиот производител на автомобили „Renault“ постигна договор со Владата на Иран за отворање на фабрика во која ќе се произведуваат најмалку 150.000 возила годишно.

Европските компании вложуваат напори да добијат дел од иранскиот пазар откако се укинати меѓународните санкции, додава агенцијата АП.

Фабриката од 2018 година ќе ги произведува моделите „DUSTER“ и „SYMBOL“

„Renault„ ќе биде мнозински акционер и за прв пат ќе има своја дистрибутивна мрежа во Иран, се наведува во соопштението на компанијата.

Директорот на „Renault Nissan“ Карлос Госн изјави дека побарувачката во Иран би можела да достигне два милиони автомобила до 2020 година, додавајќи дека тој пазар има „неспорен потенцијал“.

Некои модели на автомобили на „Renault“ во Иран се произведуваат уште од 1976 гдина, но со многу локални ограничувања, главно само со склопување од увезени делови и со вградување на домашни мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП