6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвојно зголемена инфлацијата во еврозоната

Двојно зголемена инфлацијата во еврозоната

evrozonata

Стапката на инфлација во еврозоната во месец септември е двојно зголемена, бидејќи влијанието на ниските цени на нафтата започна да слабее, покажаа денес објавените податоци на европската служба за статистика Еуростат.

Годишната стапка на инфлација во 19-члената еврозона пораснала во септември на 0,4 проценти, што, како што наведува агенцијата АП, е во согласност со пазарните очекувања.

Услужниот сектор имал најголемо влијание на зголемувањето на инфлацијата, додека факт е дека цените на енергентите биле само за три проценти пониски заклучно со септември, во однос на 5,6 проценти од претходниот месец, што исто така имало влијание на поттикнувањето на инфлацијата.

Слабеењето на ефектите од ниските цени на нафтата веројатно ќе продолжи и во наредните месеци, со оглед на неодамнешниот скок на цените на нафтата, оценува агенцијата АП.

Истовремено, Еуростат објави и податоци за невработеноста во еврозоната која во месец август била на стабилниот петгодишен минимум од 10,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП