24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото на најниско ниво во два месеца кон франкот, во фокусот Deutsche...

Еврото на најниско ниво во два месеца кон франкот, во фокусот Deutsche Bank

берза-дојче

Курсот на еврото на меѓународните валутни пазари се лизна во петокот на најниското ниво во последните два месеца во однос на швајцарскиот франк, а ослабе и во однос на другите значајни валути, бидејќи загриженоста за кондицијата на „Deutsche Bank“ ја потисна заедничката европска валута и ја поткопа наклонетоста на вложувачите на поразлични вложувања на глобалните пазари.

Во таквата атмосфера на пазарите, швајцарскиот франк го достигна највисокото ниво во последните осум седмици во однос на еврото, од 1,08125 франка за евро. Еврото, исто таа, ослабе за 0,4 отсто и во однос на американскиот долар, на 1,1177 долари, а беше во минус од 0,6 отсто и во однос на јапонскиот јен, лизнувајќи се на 112,77 јени.

Цената на акцијата на „Deutsche Bank“ на Франкфуртската берза потона за 9 отсто, спуштајќи се под 10 евра првпат во историјата на банката, откако во текот на ноќта кон петокот и на њујоршки Волстрит падна на историски најниското ниво.

Вложувачите се многу загрижени поради финансиската кондиција на најголемиот германски кредитор, кого го очекува и плаќање глоба од 14 милијарди долари според налогот на американското министерство за правда поради неправилности во врска со продажба на лоши хартии од вредност поткрепени со хипотеки во периодот пред финансиската криза од 2008 година.

Доларот, пак, за само неколку минути скокна од 101,15 јени на 101,80 јени, а според трговците таквиот скок е најверојатно последица на вообичаените текови за крајот од месецот или тримесечјето. Во подоцнежното тргување подемот на американската валута беше запрен, па со неа се тргуваше по 100,80 јени, што значи дека ослабела за 0,2 отсто во однос на јапонската валута во споредбата на затворањето на тргувањето претходниот ден.

Јапонскиот јен, кој се смета за традиционално засолниште за капиталот на инвеститорите во несигурните времиња, во петокот се стабилизираше во однос на доларот по притисокот од четвртокот во контекстот на падот на цените на акциите на глобалните пазари поради загриженоста за состојбата на „Deutsche Bank“. Со тоа се наоѓа на пат да оствари добивка во трет квартал по ред.

На швајцарскиот франк поддршка му пружија и очекувањата дека блискоисточните инвестициски компании би можеле да ги повлечат парите од САД и да ги вложат во алтернативните ликвидни валути сметани за засолништа на капиталот, меѓу кои е франкот. Тавите очекувања зајакнаа откако американскиот Конгрес во средата со огромно мнозинство првпат од 2008 година го отфрли ветото до претседателот Барак Обама и го поддржа законот кој на семејствата на жртвите од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година им овозможува да ја тужат Саудиска Арабија и да бараат отштети.

За новите насоки во врска со движењата на каматните стапки во САД вложувачите ќе ги следат најновите податоци од американското министерство за трговија за инфлацијата, коишто би можеле, според очекувањата на трговците, да му дадат поддршка на доларот.

„Се чини дека американската централна банка е повеќе фокусирана на вработувањето отколку на инфлацијата. Меѓутоа, новите податоци за инфлацијата би можеле да ги убедат оние кои се воздржани во поглед на тоа дека зголемувањето на каматните стапки во декември, а за што шансите во моментов се само 58 отсто, е оправдано, па би можеле да бидат поттикнувачки за доларот“, вели Маршал Гитлер, шеф на одделот за вложувања во компанијата „FXPrimus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП