10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Меркел британското истапување е предупредување за ЕУ

За Меркел британското истапување е предупредување за ЕУ

merkelitos

Одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија е предупредување за остатокот од ЕУ, која мора да научи како побрзо да носи одлуки наместо да ги менува своите темелни договори, изјави во петокот германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ова е предупредување за сите нас повторно да размислиме: Што Европа ни значи? Што Европа мора да промени за да биде успешна во очите на луѓето?“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во својот говор на собирот на нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, користејќи го терминот Европа за Европската унија.

Додаде дека ЕУ мора да одлучи на што треба да се насочи и во што може да има помала улога, како и да научи побрзо да ги носи одлуките. „Не смееме постојано да зборуваме за нови договори, туку за делата“, порача Меркел.

Поранешниот француски претседател и кандидат на изборите следната 2017 година, Николас Саркози, претходно седмицава рече дека би можел да ја увери Велика Британија да се премисли и да остане во ЕУ кога би се договорил нов европски договор кој би бил поприфатлив за Лондон, доколку победи на претседателските избори.

Меѓутоа, официјален Париз, како и Берлин, се оградија од овој предлог на Саркози.

„Не гледам како една држава може да побара од друга да одржи нов референдум. Британците треба да одлучат за тоа“, изјави портпаролот на француската влада Степан Ле фол во четвртокот коментирајќи го предлогот на Саркози.

Веднаш по него се огласи и портпаролот на германската канцеларка Штефен Зајберт, кој изјави дека ставот на владата во Берлин оти британското излегување од ЕУ е неповратен процес не се променил.

Британската влада досега не ја коментираше иницијативата на Саркози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП