21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилниот долар и продажбите ја сопреа цената на нафтата над 48 долари

Силниот долар и продажбите ја сопреа цената на нафтата над 48 долари

нафта-копање

Цените на нафтата на меѓународните пазари се спуштија во петокот во близина на нивото од 48 долари, закочени од силниот долар и добитоносните продажби по неочекуваниот договор на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 1,03 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,21 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 66 центи пониска цена, од 47,17 долари.

Одвоено OPEC во петокот објави дека референтната цена на барелот кошница негова нафта во четвртокот била за 2,13 долари повисока од претходниот трговски ден и изнесувала 44,34 долари.

На крајот од седмицата нафтените пазари ги притисна посилниот американски долар, кој ја намалува куповната моќ на оние што ги поседуваат другите валути, а со тоа и побарувачката на стоки со цените изразени во американската валута.

Дополнителен тег претставуваа добитните продажби откако членките на OPEC во средата на неформалната средба во Алжир неочекувано постигнаа договор за намалување на производството поради поддршка на пазарот. Договорено е намалување на вкупното ниво на картелот на 32,5 до 33 милиони барели дневно, од околу 33,5 милиони барели дневно, колку што според процените на Reuters се произведувало во август.

Деталите, вклучително и квотите за секоја поединечна земја и податоците за спроведување на договорот, ќе бидат прецизирани на официјалниот состанок OPEC во ноември во седиштето во австриската престолнина во ноември.

„Сведоци сме на добитни продажби, бидејќи има уште доста време до идниот состанок на OPEC во ноември, кога ќе мора да се утврдат производните квоти за секоја земји“, толкува Франк Клумп од „Landesbank Baden-Wuerttemberg“ со седиште во Штутгарт.

„Групата нé изненади во Алжир и не можеме да исклучиме можност од ново изненадување. И покрај тоа, и натаму сметаме дека колективното намалување на производството нема позначително да влијае на вкупното ниво на понуда“, наведуваа, пак, аналитичарите во „BMI Research“.

Поради упорната прекумерна понуда цените на нафтата паднаа од нивоата од над 100 долари за барел, колку што изнесуваат кон средината на 2014 година, на денешните помалку од 50 долари, поттикнувајќи конечно членките на OPEC на договор за намалувањето производството.

Во САД, кои сега ја заземаа позицијата на најголем производител на нафта во светот а не се членка на OPEC, се сомневаат дека договорот на ниво на картелот ќе доведе до повисоки цени на подолг рој. Така, американскиот претставника за енергија Амос Хошстејн во интервју за Reuters предвидува дека договорот ќе резултира со поголемо американско производство и натамошен пад на цените на нафтата или со поголем пазарен удел на американските производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП