21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје се збратими со Тирана

Град Скопје се збратими со Тирана

sk-tir 33

Спогодба за соработка меѓу градовите Скопје и Тирана, со што двата града официјално се збратимија, потпишаа во петок Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Градот Тирана, Ерион Велиај.

Трајановски и Велиај го потенцираа значењето на соработката на културните, научните и образовните институции; градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области коишто се од значење и во интерес на двата града; ќе разменуваат искуства и примери на добри практики поврзани со европската интеграција, ќе разменуваат информации за проекти и ќе соработуваат во реализацијата на проектите од заеднички интерес.

Градоначалникот на Град Тирана, Велиај, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.

Соработката на Градот Скопје и Градот Тирана датира од 1996 година. Оттогаш се реализирани неколку возвратни посети, а особено е интензивна соработката на полето на културата, уметноста, образованието и спортот.

Градот Скопје е збратимен со вкупно 19 градови, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП