28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефицитот на тековната сметка на Велика Британија се проширува

Дефицитот на тековната сметка на Велика Британија се проширува

london 38874

Дефицитот на тековната сметка на Велика Британија се проширува во вториот квартал, соопштува „Bloomberg“. Разликата помеѓу парите кои влегуваат во Обединетото Кралство, и парите кои излегуваат, е 28,7 милијарди фунти, покажуваат податоците на Националната статистичка служба. Тоа изнесува 5,9% од БДП-то на позадината на 5,7% во првиот квартал. Дефицитот достигна рекордни 7% од БДП-то на крајот на минатата година.

Референдумот за излез од Европската унија го насочи вниманието кон дефицитот на тековната сметка, а некои аналитичари предупредуваат дека странските инвеститори нема да пројавуваат задоволство да ја финансираат „дупката“, купувајќи ги британските средства.

Гувернерот на Англиската централна банка Марк Карни предупреди дека не треба да се потпира на „љубезноста на странци“. Покрај тоа голем број рејтинг агенции предупредија дека дефицитот е основна слабост. Во четвртокот министерот за трговија Лиам Фокс ги критикуваше британските компании дека извезуваат премалку.

Во одделен извештај статистичката служба објави дека економијата расте за 0,7% во вториот квартал во споредба со претходната, а претходната проценка беше за зголемување од 0,6 отсто. Излегува дека потрошувачите трошат повеќе и дека бизнис инвестициите се зголемија и на тој начин двете компоненти го компензираат негативното влијание на нето трговијата.

Трговскиот дефицит се прошири до 12,7 милијарди фунти во вториот квартал, или 2,6% од БДП-то. Разликата помеѓу профитот на британските инвеститори од странство и оние на странските инвеститори во Велика Британија се стеснува, но се уште е речиси 10 милијарди фунти.

Надежите се дека конкурентната фунта ќе ја зголеми побарувачката за производи за извоз и ќе ги намали трошоците за увоз. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваат дефицитот на тековната сметка да се намали до 4% од БДП-то во 2017-та година по рекордните 5,5% во оваа година.

На годишна основа БДП-то расте со 2,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП