19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на работници во индустријата во првите осум месеци

Зголемен бројот на работници во индустријата во првите осум месеци

rabotnik 33

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 98.9.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 1.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3%, Капитални производи за 8.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, изнесува 100.6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП