18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата продолжуваат да паѓаат, како што растат сомнежите во договорот...

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат, како што растат сомнежите во договорот на ОПЕК

opek 3300

Нафтните фјучерси паднаа во петокот откако инвеститорите си го наплатија неодамнешниот добиток, а се засили и скептицизмот околу несигурниот договор помеѓу членките на ОПЕК за кратење на производството.

На њујоршката берза лесната мешана нафта за испорака во ноември се тргуваше за 47,26 долари, што е пад од 0,57 долари или 1,2%. Сировата нафта Бренд со иста испорака на лондонската берза на фјучерси денеска падна за 0,67 долари или 1,7%, на 49,14 долари за барел. Декемвриската испорака падна 64 центи или 1,3%, на 49,18 доларии за барел.

Цените на нафтата се искачија повеќе од 7% при изминатите две тргувања, откако ОПЕК го изненади пазарот со постигнувањето на прелиминарниот пакт за намалување на произвдството на групата на 32,5 милиони барели или 32 милиони барели дневно, од 33,2 милиони барели дневно во август. За подефинитивните чекори, кои го вклучуваат и ограничувањето на производството на скоја членка одделно, ќе се дискутира на следниот состанок на ОПЕК во Виена на 30-ти ноември, кога е можна и ратификација на пактот.

По инстиктивната реакција на пактот, почнаа на површината да избиваат сомнежите за тоа дали договорот воопшто ќе се материјализира, имајќи ги предвид долготрајните тензии помеѓу членките на групата. Ирак веќе изјави дека нема доверба во производните бројки на кои вообичаено се потпира ОПЕК.

Аналитичарите ја изразија и својата загриженост дека членките на нафтниот картел не се секогаш искрени за сопствените нивоа на производство и речиси никогаш досега не се придржувале кон договорените квоти.

Потегот на ОПЕК се оценува како храбар, но аналитичарите не се многу убедени дека пактот ќе резултира во балансирање на прозиводството со побарувачката , на пазар кој е преплавен со нафта.

„ОПЕК можеби си ја поврати важноста и покажа дека сé уште поседува способност да влијае врз пазарот, но на сите многу бргу им текна дека промената на стратегија на ОПЕК не е панацеа за глобалниот вишок на нафта“, велат од брокерската куќа PVM.

Руската подготвеност да го прифати договорот исто така буди многу сомнежи.

„Не заборавајте дека повеќето произведувачи на нафта се приватни компании и логиката ќе ги натера бргу да го зголемат производство при зголемени цени на нафтата“, вели Мохаб Камел, трговец во Magma Oil со седиште во Женева.

Американските производители на нафта од шкрилци, чија технологија им овозможува бргу да го зголемат производството, исто така, можат да се уфрлат и да се обидат да ги искористат повисоките маргини, велат аналитичарите.

Дури и без колективното намалување, видливи се знаците на намалување на глобалното производство на нафта. Производството во Венецуела, Габон, Индија, Мексико и Кина паѓа уште од првото намалување на цените во 2014 година.

И производството во Саудиска Арабија полека се тенчи, особено што кралството редовно го намалува производството во зимските месеци поради намалената домашна побарувачка за производство на електрична енергија. BMI предвидува намалување од 360.000 барели дневно помеѓу август и ноември годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП