26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијaлно потпишан договорот за нуклеарната централа „Хинкли Поинт“

Официјaлно потпишан договорот за нуклеарната централа „Хинкли Поинт“

hpc 333

Британската влада потпиша договор со француската енергетска компанија „EDF“ и нејзиниот кинески партнер „China General Nuclear“ за изградба на првата нуклеарна централа во Велика Британија, пренесоа светските агенции.

Планираната нуклеарна централа ќе ги чини британските потрошувачи субвенции во износ од 21 милијарди фунти во животниот циклус на договорот меѓу француската компанија и Велика Британија, покажуваат официјалните проценки на владата, соопштува „Bloomberg“.

Централата ќе добива по 92,50 фунти за мегават електрична енергија во текот на 35-те години согласно договорот потпишан денеска меѓу француската и британската влада. Трошоците за субвенциите, со кои ќе се оптоварат сметките на корисниците најверојатно ќе бидат во опсег помеѓу 12 и 21 милијарди фунти, покажува документот, објавен во четвртокот на веб-страницата на британската Влада.

Церемонијата на потпишување на договорот се случила зад затворени врати, потенцирајќи го внимателениот пристап на премиерот Тереза ​​Меј кон француско-кинескиот проект, забележуваат агенциите.

Според извор на агенцијата на потпишувањето на договорот за изградба на нуклеарката „Хинкли Поинт“ биле присутни британскиот министер за бизнис, енергетика и индустриски стратегии, Грег Кларк, францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро и шефот на кинеската национална енергетска администрација, Нур Бекри.

Проектот е во вредност од 18 милијарди фунти. Француската компанија ќе изгради два енергетски блок со вкупна моќност од 3,2 гигавати во југозападниот англиски град Хинкли Поинт, кои треба да започнат со работа на крајот на 2025-та година. Кинеската компанија ќе поседува една третина од акциите на идната нуклеарна централа, забележуваат агенциите.

Претходно овој месец британската влада даде зелено светло на проектот. Поранешниот премиер на Велика Британија, конзервативецот Дејвид Камерон, имаше дадено принципиелна согласност за овој проект уште во октомври 2013-та година и „EDF“ зеде конечна одлука за инвестирање на 28-ми јули. Тереза ​​Меј сепак, која го замени Дејвид Камерон во јули, рече дека ќе си даде уште време за размислување пред да го објави својот став во врска со проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП