19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија нема да се задолжува во 2017 година

Бугарија нема да се задолжува во 2017 година

Bugarska-i-nezaposlenost

Бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов изјави дека земјата во наредната година нема да се задолжува.

„Доброто полнење на буџетот во 2016 година може да помогне во намалувањето на државниот долг, така што во наредната година Бугарија нема да подига нови кредити“, додаде тој.

Горанов изјави дека на крајот на август вишокот во буџетот изнесувал 3,3 милијарди лева (1,7 милијарди евра), што е далеку повеќе во однос на истиот период минатата година кога во државната каса беше забележан вишок од само 319 милиони евра.

Според неговите зборови, на поголемите приходи во буџетот влијаеше подобрата наплата на данок главно од растот на економијата, пренесуваат локалните медиуми.

„Вишокот во буџетот во минатата година изнесувал 0,7 проценти од БДП, а оваа година позицијата на БДП е подобрена за околу три проценти“, појасни тој.

Според податоците на Бугарската народна банка, директните странски инвестиции во периодот јануари-јули изнесувале 987,3 милиони евра.

Бугарија е најнезадолжена држава во регионот и и припаѓа на групата земји во ЕУ, чиј е член, со најмал долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП