22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsiCo ги надмина очекувањата на аналитичарите

PepsiCo ги надмина очекувањата на аналитичарите

P

Профитот на американскиот производител на безалкохолни пијалоци PepsiCo во третиот квартал ги надмина проценките на аналитичарите, додека силната продажба во Северна Америка ги неутрализираше слабите резултати во странство, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Заработката на компанијата по акција во третиот квартал изнесувала 1,40 долари, што е подобро во однос на проценката на аналитичарите од 1,32 долари по акција.

Приходите се намалени на 16,03 милијарди долари од 16,33 милијарди долари од претходниот квартал поради валутните флуктуации, но тоа и понатаму е значително над проекциите на аналитичарите од 15,89 милијарди долари.

За целокупната тековна година, PepsiCo сега предвидува заработка од 4,78 долари по акција, што е подобро во однос на претходната проекција од 4,71 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП