21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција следната година очекува економски раст

Грција следната година очекува економски раст

atina-mina

Владата во Атина за наредната година предвидува економски раст на Грција од 2,7 проценти, што ќе биде нејзино прво закрепнување по седум години катастрофална рецесија, бидејќи инвестициите забрзуват а туризмот бележи раст, изјави еден неименуван претставник на владата запознаен со деталите од буџетот.

„Примарниот буџетски суфицит ќе го надмине целниот суфицит од 0,5 проценти од БДП во оваа година“, изјави неименуваниот претставник, додавајќи дека со нацрт-буџетот за 2017 година, кој во понеделник би требало да се најде пред парламентот, се проектира примарен суфицит од 1,75 проценти од БДП за наредната година, што е во склад со барањето од меѓународниот пакет помош, пренесува агенцијата Ројтерс.

Јавниот долг на Грција, како што вели, би требало да падне на 175,8 проценти од БДП во наредната година во однос на околу 180 проценти од БДП проектирани за оваа година.

Грчката економија во вториот овогодишен квартал порасна за 0,2 проценти, што беше нејзин прв квартален раст од крајот на 2015 година и следеше по падот од 0,2 проценти во првите три месеци од тековната година.

Иако официјална Атина успеала да поправи некои буџетски небалансирани нешта во изминатите шест години преку болни фискални прилагодувања, нејзиниот БДП стагнира, а невработеноста останува висока, наведува британската агенција.

БДП на Грција падна за една четвртина од појавата на кризата во таа земја во 2010 година, што официјална Атина ја принуди за во замена на меѓународен пакет помош да спроведе строги мерки за штедење и да отпушти повеќе од милион лица, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП