14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена прогнозата за растот на Шпанија - политичките проблеми голем ризик

Зголемена прогнозата за растот на Шпанија – политичките проблеми голем ризик

shpanijaspanija544454

Шпанската централна банка предупреди дека политичките проблеми поради кои девет месеци нема нова влада би можеле да имаат негативни економски последици.

Централната банка наведе дека долгото постоење на привремена влада ги одложува неопходните реформи.

Техничкиот премиер Маријано Рахој ја предводи привремената влада уште од декември бидејќи после двата круга на одржани избори не постоеше јасно мнозинство во парламентот. Ако владата не биде формирана ниту до 31. октомври, ќе бидат распишани нови избори.

Централната банка денес ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Шпанија оваа година на 3,2 од 2,8 проценти, додека ги задржа прогнозите за следните две години од 2,3 проценти и 2,1 процент.

Дефицитот на Шпанија оваа година ќе изнесува 4,9 проценти од БДП, а следната 3,6 проценти, што е над дозволеното ниво во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП