4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловец претстави радикално решение за проблемите во еврозоната

Нобеловец претстави радикално решение за проблемите во еврозоната

Nobel Laureates Eric Maskin and Dudley Herschbach play "Tick-Tock-Toe" during the 26th First Annual Ig Nobel Prize ceremony at Harvard University in Cambridge

Фискалната политика треба да биде запленета од рацете на политичарите и да биде предадена на претставниците кои не се директно избрани, слично на монетарната политика, рече во четвртокот Нобеловецот Ерик Маскин на конференција на Европската централна банка (ЕЦБ), цитиран од „Bloomberg“.

„Радикален предлог? Да, но мислам дека сите можеме да се согласиме дека на еврозоната и треба доста значајна реформа, ако сака да се помират фискалната и монетарната политика“, рече Маскин, кој во 2007-ма година доби Нобелова награда за економија, на предавање за време на првата конференција „Annual Research Conference“ на ЕЦБ во Франкфурт. „Сите ние ќе бидеме подобро – и го велам како Американец, ако еврозоната не запира да преживува и цвета. Но тоа нема да се случи автоматски“.

Економистот изјави дека бирократите се справуваат подобро од избраните лица при донесувањето на одлуки за политики, чија ефикасност не може лесно да биде прифатена од општеството или кои покажуваат резултати по предолго време. Случајот со монетарната политика не е таков што во современите општества генерално се води од неизбрани, независни централни банкари. А тоа, според Маскин, треба да важи и за „фискалните параметри“, на пример големината на собираните приходи и колку трошоци може да бидат направени.

Маскин рече дека одлуките за даноците и трошоците – кој се оданочува и за какви јавни добра се трошат парите, треба да продолжат да се земаат од општеството и избраните од него претставници.

Ако германската канцеларка Ангела Меркел вели дека „Грција треба – или не, да биде спасена, таа може да се потпира на она што е добро за Европа, но таа знае дека нејзината вистинска изборна единица е Германија. Таа не наоѓа целосно поттик во она што е добро за Европа. Сепак, нејзината партија ќе биде реизбрана од Германците“, рече тој.

Малку е веројатно дека предлогот на Маскин ќе биде дочекан позитивно од политичарите кои се соочуваат со популистичка реакција против Европската унија и неизбраните технократи и кои не покажуваат особен интерес за споделување на суверенитет. Сепак Нобеловецот, кој е професор на Универзитетот Харвард, вели дека иако првично е тешко да се откажат од власта, политичарите може еден ден да бидат благодарни за тоа.

„Може да почувствуваат некое олеснување дека тоа веќе не е во нивни раце, дека треба да го прават она што другите велат. На ист начин многу американски претседатели се среќни дека ФЕД зема одлуките за каматните стапки“, вели Маскин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП