ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акциите на Скопски Пазар АД Скопје го одбележа денот

Блок трансакција со акциите на Скопски Пазар АД Скопје го одбележа денот

berza

Преку само една блок трансакција со акциите на Скопски Пазар АД Скопје беа реализирани 57 отсто од вкупниот промет остварен на Македонската берза во тргувањето во четвртокот.

Блок трансакцијата беше реализирана преку 330 акции по цена од 9.500,00 денари по акција. Вредноста на акцијата остана непроменета.

Останатите акции се тргуваа во скромно количество, а поединечно со ниедна акција не се оствари промет над еден милион денари.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за минимални 0,17 отсто, на 1.945,69, додека ОМБ остана непроменет поради отсуството на обврзниците на пазарот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП