Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) повторно ќе ја намали проекцијата за економскиот раст на САД за оваа година, при што е неопходно владите ширум светот да применат мерки за сузбивање на трговските ограничувања кои ја гушат економската стабилност.
Директорката на ММФ, Кристин Лагард соопшти дека проекцијата на растот на бруто домашниот производ на САД повторно ќе биде намалена заради економските потешкотии во првото полугодие.
ММФ во јули ја скрати проценката за раст на САД за оваа година на 2,2 отсто од претходните 2,4 отсто, а новите прогнози ќе ги претстави следната недела во Светскиот економски извештај.