2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсло ги намалува штетните емисии за 50% до 2020-та година

Осло ги намалува штетните емисии за 50% до 2020-та година

oslo 35588

Локалните власти во норвешката престолнина Осло применија првиот од ваков вид „буџет за климата“, пренесе „Ројтерс“. Средствата ќе бидат наменети за конкретни мерки за намалување за 50% на штетни гасови во рамките на четири години, а според агенцијата ова е еден од најрадикалните и сериозни обиди за забавување на климатските промени.

Се очекува целиот проект да чини 2 милијарди норвешки круни (246 милиони долари).

Претходно во текот на годината општинскиот совет на градот усвои план за намалување на половина емисиите на Осло – до 600 илјади тони јаглерод диоксид до 2020-та година. Планот има за цел да стигне и до нулта емисија до 2030-та година.

Буџетот, кој одредува годишни цели за намалување на емисиите од автомобили, во приватните домови и претпријатија, додава на сето ова и забрана на приватните автомобили да влегуваат во центарот на градот.

Според усвоениот план, Осло ќе ги подигне надоместоците за автомобили кои влегуваат во градот, ќе го намали бројот на паркинг местата и постепено ќе се елиминираат греењето на фосилните горива (јаглен) во домовите и канцелариите до 2020-та година.

Се очекува и автобусите во градскиот транспорт да преминат на енергија од обновливи извори, додека бидат изградени повеќе велосипедски патеки.

Се повеќе големи градови – од Буенос Аирес во Аргентина до Пекинг во Кина, подготват свои планови за ограничување на емисиите од штетни гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП