
Стапката на невработеност во Германија во месец септември падна под шест проценти, бидејќи пазарот на труд во најголемата европска економија остана силен.


Стапката на невработеност во Германија во месец септември падна под шест проценти, бидејќи пазарот на труд во најголемата европска економија остана силен.
Бројот на невработени лица во септември е намален за 76,682 во однос на август, на вкупно 2,61 милиони невработени, се наведува во соопштението на германската Федерална агенција за труд, а пренесува агенцијата АП.
Кога ќе се прилагоди со сезонските фактори, стапката на невработеност се задржала на непроменетите 6,1 проценти.
„За поголемо вработување помогнаа миграциите од проблематичните членки на еврозоната и источна Европа“, изјави економистот на компанијата IHS, Тимо Клајн, додавајќи дека приливот на баратели на азил во 2015 година ќе ја зајакне оваа тенденција во текот на 2016/2017 година, како што се поголем број од нив го стекнуваат правото за престој.
Зголемената имиграција, како што вели, ги промени долгорочните перспективи на Германија, што значи дека работно-способната популација во поскоро време нема да биде намалена.