19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Tiguan пристигнува во 2014-та со плус две варијанти

Новиот Tiguan пристигнува во 2014-та со плус две варијанти

2014-vw-touareg-r-line-7

На крајот од 2014-та година „Volkswаgen“ ќе ја претстави новата генерација на својот компактен СУВ Модел, „Tiguаn“. Меѓутоа заедно со новата генерација ќе пристигнат и неколку нови каросериски варијанти на моделот

Според изворите од Германија, новата генерација би требало да се изгради на модуларната „MQB“ платформа. Благодарејќи на неа „Tiguаn“ ќе биде достапен со преден или интегрален погон.

Што се однесува на моторот во понудата ќе се најдат „дизелаши“ од 1.6 и 2.0 литарски со моќ од 110 KS до 204 KS, како  и TSI turbo од 1.4, 1.8 и 2.0 литарски бензински агрегати со снага од 140 ks, па се до 220 KS. Се претпоставува дека „VW“ најверојатно во понудата ќе додаде и хибриден мотор, но и варијантата „BlueMotion“.

Визуелно се очекува наследникот да се ориентира на актуелниот модел се со цел да се зачува идентитетот, па така тој ќе остане простран и практичен компактен СУВ за секојдневна употреба. Впрочем „Tiguаn“ е најпродаваниот СУВ во Германија, па поради тоа нема потреба да се менува добитната комбинација.

Меѓутоа на „Tiguаn“ на почетокот на 2015-та година ќе му се придружат и две нови каросериски варијанти. „Tiguаn Coupe“ верзијата со продолжена линија на кровот, пошироки „C-столбови“ и закосено задно стакло. А покрај оваа варијанта се очекува и „Tiguan XL“ кој ќе биде базиран на платформа со продолжено меѓуосовинско растојание, а со тоа ќе треба да има повеќе простор за патниците и поголем багажник. Исто така ќе поседува и дополнително странично стакло и поголема врата на багажникот и плус опција за додавање на уште еден ред на седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП