16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговорите околу „Brexit“ може да го чинат Островот по 65 милиони фунти...

Преговорите околу „Brexit“ може да го чинат Островот по 65 милиони фунти годишно

parbrexit 33

Британската влада ќе мора да вработи 500 државни службеници дополнително кои ќе ја чинат државата до 65 милиони фунти (75 милиони евра) годишно, само за да се планира пристапот кон „Brexit“, покажува извештајот објавен од „Institute for Government“.

Извештајот, кој го истакнува напредокот на Велика Британија во планирањето на стратегија за излез од Европската унија, предупредува уште дека британскиот премиер Тереза ​​Меј треба да дејствува брзо за да спречи бесмислени спорови меѓу министрите за „Brexit“ што веќе губи значително време и пари.

Извештајот, цитиран од „POLITICO“, вели дека иако владата да е започната со изградба на „механизмот“ за „Brexit“, малку се знае како ќе се стигне до реална преговарачка позиција.

Експертска група тврди дека двете нови министерства – Министерството за излез од ЕУ и Министерството за меѓународната трговија, создадени со помош на Министерството за надворешни работи при процесот на напуштање на Унијата, ризикуваат „создавање на фрагментираноста и недоследност, како и недостаток на јасност за улогите и одговорностите“ кои веќе доведоа до одвлекување на вниманието и задоцнети потези.

Извештајот тврди дека има „итна потреба“ Британија да ангажира искусни луѓе кои воделе преговори со ЕУ и во Светската трговска организација, како и експерти, кои имаат искуство во преговорите на трговски договори.

„Експертизата, што и е потребна на Британија, веројатно може да биде добиена најдобро преку привлекување на луѓе од странство со соодветно искуство“, вели експертската група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП