12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ова не го паметат од Големата рецесија

Американците ова не го паметат од Големата рецесија

201364684257ebffff9e5ff034524275_w640

Довербата на потрошувачите во САД во септември порасна на највисокото ниво од Големата рецесија, според денес објавените податоци на истражувачката компанија Conference Board.

Индексот на довербата на потрошувачите во септември порасна на 104,1 поени од 101,8 поени во месец август, што значително ја надминува проекцијата на аналитичарите кои предвидуваа пад на индексот на 98 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

„Потрошувачите се пооптимистични во поглед на среднорочните перспективи за вработување, но се неопределени во поглед на деловните услови и перспективата на приходите“, изјави директорката на „Conference Board“, Лин Франко.

Потрошувачите, како што додаде, продолжуваат актуелните услови да ги оценуваат како поволни и предвидуваат скромен раст во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП