21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГувернерот на НБК: Јавниот долг е 14 отсто од БДП

Гувернерот на НБК: Јавниот долг е 14 отсто од БДП

BQK

Гувернерот на Националната банка на Косово, Бедри Хамза вчера изјави дека јавниот долг на Косово изнесува 14 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), oдносно 900 милиони евра и дека е многу помал за разлика од другите земји во регионот.

Тој за еден локален медиум изјави дека, без оглед на тоа што јавниот долг е толку низок, Косово треба да се бори тој никогаш да не порасне над 40 отсто.

Во јавниот долг на Косово се пресметани и долговите кон Светска банка и другите меѓународни институции пред војната во оваа земја, според договорите кои беа ратификувани од страна на косовските институции.

„Јавниот долг треба внимателно да се зголемува, долгорочно и Косово треба да се задолжува за проекти со кои ќе се обезбедува економски развој и кои ќе може да се вратат“, вели Хамза.

Според податоците во меѓународните медиуми, задолженоста на земјите од Балканот, стандардно расте.

Меѓу земјите од регионот најзадолжена е Хрватска, со повеќе од 37 милијарди евра, а уделот на долгот во нејзиниот БДП достигна 90 проценти.

Следи Србија со речиси 25 милијарди долг кој сочинува 75,5 oтсто од БДП-то.

Црна Гора има најмал долг кој надминува две милијарди, но со релативно малата економија, уделот на долгот во БДП-то е поголем од 45 проценти.

Босна и Херцеговина со јавен долг од речиси шест милијарди евра има удел во БДП-то од 42,2 oтсто, додека 4,3 милијарди, колку што должи Македонија, е удел од 47 проценти од бруто-домашниот производ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП