6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia во загуба од 272 милиони евра

Nokia во загуба од 272 милиони евра

nokia2

Нето приходите на финскиот производител на мобилни телефони „Nokia“ во првиот квартал од оваа година се намалени на 5,8 милијарди евра од претходните 7,4 милијарди евра.

Учеството на „Nokia“ на пазарот за паметни телефони исто така е во пад, овој пат учеството е намалено за 20 проценти.

Финската компанија сепак успеа да ја намали нето загубата во првиот квартал на 272 милиони евра, во однос на 928 милиони, колку што изнесуваше загубата во истиот период минатата година.

Олеснувачки фактор за „Nokia“ е тоа што продажбата на мобилни телефони е во пад во целиот свет, особено во Кина каде е забележан пад од 60 проценти. Продажбата на паметни телефони исто така е во пад, и тоа за 32 проценти во целиот свет.

„Nokia“ пред неколку години беше водечки производител на мобилни телефони во светот, но таа позиција ја загуби поради тоа што нејзиниот оперативен систем Симбиан не беше во состојба да се справи со конукуренцијата од оперативните системи на „Apple“ и „Google“

Во финската компанија се надеваат дека со излегувањето на новиот модел „Lumia“ на пазарот, кој работи на оперативниот систем од „Microsoft“, „Nokia“ ќе се врати на претходната позиција.

Продажбата на „Lumia“ телефонот се зголеми за 27 проценти во првиот квартал, но вкупната продажба на телефоните на „Nokia“ се намали за 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП