18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Спојувањето на Deutsche Boerse и LSE би можело да ја ограничи...

ЕК: Спојувањето на Deutsche Boerse и LSE би можело да ја ограничи конкуренцијата

ек

Европската комисија(ЕК) предупреди во среда дека предложеното спојување на франкфуртската и лондонската берза би можело да го ограничи пазарното натпреварување во клучните активности на финансиските пазари.

Предложеното спојување би значело поврзување на активностите на двете компании во Германија, Велика Британија и Италија, како и поврзување на неколку најголеми клириншки куќи во Европа, со што би настанал убедливо најголемиот берзански оператор во Европа, констатираат во Комисијата.

Посебно го издвојуваат стравувањето дека со тоа би се ограничило пазарното натпреварување во работењето на клирингот, бидејќи во тој сегмент со спојувањето на двете компании би настанал најголемиот пресметковен фонд во светот вреден 150 милијарди евра.

Лобистичкото Европско здружение на инвеститори предупреди минатиот месец на опасноста од речиси монополистички пазар на акциите кој би можел да ја диктира висината на таксите за вклучување во берзанската котација, а со тоа да го ограничи и пазарното натпреварување.

Од Брисел порача дека во следните четири месеца ќе утврдуваат дали спојувањето на Deutsche Boerse и LSE исто така осетно ќе го намали пазарното натпреварување.

ЕК конечната одлука за ова спојување, вредно 28 милијарди долари, ќе ја донесе на 13 февруари следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП