18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на американските резерви ги поткрепи цените на нафтата

Падот на американските резерви ги поткрепи цените на нафтата

nafta-pafta

Цените на нафтата се стабилизираа во среда на меѓународните берзи над нивото од 46 долари, поткрепени од податоците за пад на резервите на нафта во САД, но расположението меѓу трговците и натаму не е големо заради сомнежот дека производителите ќе се договорат да го намалат производството.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 46,25 долари. Во вторник го затвори тргувањето со минус од 1,38 долари. Позначителни промени во цените немаше и на американската берза, каде што барелот се тргуваше по цена од 44,87 долари. Во претходното тргување ослабе 1,26 долари.

OPEC објави дека цената на барел на референтната кошничка од неговата нафта во вторник изнесувала 42,30 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП