6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада го одобри проектот за нов LNG терминал

Канада го одобри проектот за нов LNG терминал

lng pee

Канада даде „зелено светло“ за изградба на терминал за течен природен гас (LNG). Така земјата ќе може да ја извезува суровината до азиските пазари, соопштува „ВВС“.

Потегот доаѓа и покрај стравувањата за придонесот на проектот кон стакленичките гасови и заканата за живеалиштата на лососот во регионот.

Терминалот, кој ќе чини 11,4 милијарди канадски долари (8,6 милијарди американски долари), ќе биде изграден на северниот брег на провинцијата Британска Колумбија.

Ова е една од најголемите иницијативи во развојот на суровините во земјата.

Федералната влада изјави дека дава дозвола за проектот „Pacific Northwest LNG“ на остров Лелу кој вклучува изградба на терминал за чување и извоз на природен гас од западната канадска провинција.

На прес-конференцијата сојузниот министер за животна средина Кетрин Мекан рече дека проектот е одобрен меѓу прецизен преглед и се случува со бројни услови за намалување на емисиите од стакленички гасови.

Според проценки на „Petronas“ – малезиската нафтена и гасна компанија, која ја предводи проектот, тој ќе придонесе со 2,9 милијарди канадски долари кон бруто домашниот производ (БДП) на земјата.

Проектот, чие регулаторното одобрување одзеде речиси три години, е првата голема енергетска одлука на премиерот Џастин Трудо откако беше избран на функцијата пред една година.

Прашањата со природните ресурси се тешки за Трудо, кој беше избран со платформа во заштита на животната средина и ветување да се бори против климатските промени.

Карен Махони од еколошката група „Stand.Earth“ рече во изјавата дека „владата не може да презема слични решенија, ако сака да ги исполни ветувањата за климатските промени“.

„Petronas“ и други акционери во проектот ќе го разгледаат последниот извештај, како и севкупните пазарни перспективи пред течниот природен гас, пред да го донесат финалното решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП