21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ доделува уште 600 милиони евра за бегалците во Турција

ЕУ доделува уште 600 милиони евра за бегалците во Турција

begalcite 33

Европската унија (ЕУ) додели уште 600 милиони евра за бегалците во Турција по линија на финансискиот инструмент, донесен по склучувањето на договорот за совладување на миграциските струи во март.

Од нив 300 милиони евра ќе се наменети за едукација, а останатите 300 милиони евра – за здравствена заштита на бегалците во Турција, беше објавено од страна на Европската комисија (ЕК).

Со средствата ќе се покријат веќе направените трошоци за интегрирање на сириските бегалци во образовниот систем на земјата. Директен грант ќе овозможи и околу 500 илјади ученици од Сирија да се обучуваат на турски јазик, за да го продолжат своето образование во земјата.

Со тоа вкупната финансиска помош дадена од ЕУ за Турција согласно договорот достигнува речиси 2,24 милијарди евра од договорените 3 милијарди евра.

ЕК потсетува дека од ветените на Турција 3 милијарди евра, 1 милијарда се од буџетот на ЕУ, а останатите 2 милијарди евра од земјите членки. Според Брисел веќе сите земји членки одобриле придонес за овој фонд.

Истовремено ЕК објави и податоци за спроведување на шемата за преселување на бегалци од Грција и Италија. Од предвидените за преместување 160.000 лица кон другите земји од ЕУ се испратени само 5.651 лица. Од нив 4.455 се од Грција и 1.196 се од Италија.

Од Турција во ЕУ според договорот од март се префрлени малку над 1.000 сириски бегалци, покажуваат податоците на Комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП