20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас очекува „позитивни вести“ за намалување на долгот

Ципрас очекува „позитивни вести“ за намалување на долгот

cipras-lep-cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денес дека очекува позитивен исход од разговорите за намалување на долгот на Грција оваа година.

Грчкиот долг достигна 176 проценти од БДП.

Кредиторите и ветија на земјата дека ќе рзазгледаат како грчкиот долг може да се направи одржлив.

„До крајот на годината предвидуваме позитивни вести по тоа прашање“, изјави Ципрас во текот на парламентарната дебата.

Грција која загуби една четвртина од својот БДП во изминатите шест години, ги покажува првите знаци на раст, изјави Ципрас.

„Сите податоци укажуваат не само дека приходите се подобруваат, туку и дека сме влегле во фаза на позитивен раст во третиот квартал оваа година. За наредната година очекуваме приближување на растот до стапка од три проценти“, изјави Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП