18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Brexit го поддржува пазарот на недвижности во Шведска

Како Brexit го поддржува пазарот на недвижности во Шведска

svedskazname33

Гласањето за „Brexit“ може и да влијаеше на пазарот на имот во Велика Британија, но во Европа ситуацијата не е токму таква. Во Шведска на пример, каде каматните стапки се негативни, а политичката средина и економскиот раст – стабилни, податоците на јавно тргуваните компании за недвижности покажуваат дека побарувачката се зголемува, пишува „Bloomberg“ во својата анализа.

Голем дел од оваа побарувачка се должи на „многу позитивниот ефект од „Brexit““, коментира Микаел Содерлунд, партнер и директор во консултантската компанија „Pangea Property Partners“.

Во последните 12 месеци акциите на компаниите за имот во скандинавските земји поскапеле за 35% во однос на претходниот 12-месечен период. Ова значително го надминува растот на цените на имотните акции во Европа како целина, а и во други одделни региони од Стариот континент.

Одреден дел од динамиката се објаснува со одговорот на централните банки на кризата со „Brexit“. Очекувањата се рекордно ниските камати да се задржат во догледна иднина, коментира Содерлунд.

Меѓу повеќето вакви акции се оние на „Victoria Park AB“ – компанија која гради и управува со згради во јужните региони на Шведска. Во оваа година цената на акциите на компанијата се зголемила за 50 отсто. Поскапување од 47% бележат акциите на „Platzer Fastigheter Holding AB“ – градител и сопственик на деловен простор, со 30% на „Sagax AB“ – компанија активна во областа на лесната индустрија, и со 20% на „Castellum AB“, еден од најактивните инвеститори во имот во регионот.

Шампион е „D. Carnegie & Co AB“ во која удел има и инвестицискиот гигант „Blackstone Group LP“, со раст на цената на акциите од 60 отсто.

Добро се претставуваат и акциите на градежните компании – за една година акциите на „Skanska AB“ пример поскапеле за 20%. За споредба, цената на шведските државни обврзници падна за 12% за истиот период.

Содерлунд наведува дека по резултатите од референдумот во Британија имало силен раст на побарувачката на акции на имотните компании во Шведска. Трансакциите со имот во Шведска исто одат кон нов рекорд во оваа година.

Дополнителен поттик на пазарот дава и посилниот раст на шведската економија во споредба со пошироката европска економија. БДП-то на Шведска се зголеми за 3,4% во вториот квартал од годината, потсетува Содерлунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП