13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа прв пат во историјата Саудиска Арабија ги намалува платите

За прв пат во историјата Саудиска Арабија ги намалува платите

Rijad-saudijska-arabija

Саудиска Арабија одлучи да ги намали платите на државните службеници и тоа за прв пат во историјата.

Државата беше принудена да го повлече овој потег бидејќи се обидува да ја контролира јавната потрошувачка во време на ниските цени на нафтата.

Кралството донесе декрет според кон платите на министрите би требало да се намалат за 20 проценти, а надоместоците за стан и патни трошоци, како и за автомобилите за членовите на собранието за 15 проценти.

На Државните службеницци кои се пониски според хиерархијата ќе им биде суспендиран растот на платите, а плаќањето на прекувремена работа и годишниот одмор ќе биде редуцурано.

Околу една третина од работната сила во таа земја се вработени во јавниот сектор.

Трошоците за нивните плати и надоместоци чинат речиси половина од владината потрошувачка во 2015 година или околу 12 милијарди долари, што направи дупка во буџетската каса од дури 98 милијарди долари.

Огромната дупка во буетот беше знак дека итно е потребна промена. Принцот Мухамед бин Салман го претстави планот за подобрување на економијата и спас од ниските цени на нафтата.

Но, изгледа дека другите области од економијата на таа земја едноставно не му се дораснати на нафтениот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП