30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија планира да заштеди 800 милиони евра

Португалија планира да заштеди 800 милиони евра

money14

Владата на Португалија објави план за заштеда на околу 800 милиони евра во оваа година, што е околу 0,5 проценти од бруто домашниот производ на оваа земја.

Заштедата ќе биде остварена со намалување на трошоците во јавниот сектор и секторот за услуги.

Централно-десничарската влада соопшти дека новите мерки се неопходни за да се постигне целниот буџетски дефицит, кои кредиторите го одредија како услов за исплата на пакетот помош од 78 милијарди евра пред две години, пренесува агенцијата АП.

Владата се обидува да ја прекрие дупката од 1,3 милијарди евра во буџетот, откако Уставниот суд неодамна заклучи дека некои од мерките за штедење се незаконски.

Официјалните лица велат дека најновите намалувања најверојатно ќе резултираат со отпуштања и укинување на одредени јавни сектори, бидејќи тие сега ќе бидат изложени на најголем притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП